Жичарницата од утре ќе работи еден час повеќе

Од утре, сабота (1.04.2023 год), Жичарницата на Средно Водно ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот.

Согласно одлуката за возен ред за месец април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу.

Секој понеделник и секој последен вторник во месецот за Жичарницата се неработни денови.

Треба да знаете
Последни објави