Селекторот на најдобрата македонска женска ракометна репрезентација, Љубомир Савевски, го соопшти список со 20 кандидатки кои ќе конкурираат за составот на тимот за претстојниот бараж-двомеч со Украина за пласман на СП 2023 кое ќе се одржи во Норвешка, Шведска и Данска.
Меѓу кандидатките се најдоа повратничките во националниот тим, Елена Ѓорѓиевска и Ивана Гакидова, а првпат на списокот на Савевски се Катерина Дамјаноска, Амра Терзиќ, Бојана Диневска и Бојана Коцева. Недостасува Симона Mаџовска која не може да одговори на повикот поради повреда. Во составот од 20 ракометарки десет се интернационалки и десет од домашното првенство.
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2023/03/Screenshot-2023-03-31-151351.png)
Собирот е закажан за в понеделник во 12.30 часот.
Првиот натпревар меѓу Македонија и Украина ќе се одигра на 8 април во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, додека реваншот е закажан на неутрален терен во унгарскиот град Кишварда на 11 април со почеток во 17 часот поради руско-украинската војна.