Пленковиќ во втора посета на Украина

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утрово допатува во Киев каде ќе се сретне со претседателот на Украина Володимир Зеленски, со премиерот на Украина Денис Шмихал и со претседателот на Врховната Рада Руслан Стефанчук, соопшти хрватската Влада.

Заедно со Пленковиќ, во делегацијата се и вицепремиерот и министер за хрватски ветерани Томо Медвед, како и хрватската амбасадорка во Украина Аница Џамиќ, јави Хина.

Пленковиќ заедно со Зеленски, молдавската претседателка Маја Санду, словачкиот премиер Едуард Хегер и словенечкиот премиер Роберт Голоб – ќе учествуваат на самитот „Буча – одговорност на Русија за злосторствата во Украина“, по повод годишнина од ослободувањето на Буча.

Ттој ќе присуствува и на комеморацијата за жртвите од руската агресија, со церемонија на подигнување на знамето на Украина, како и со доделување државни одликувања на украинските ветерани.

Пленковиќ ќе положи и венец пред Ѕидот на сеќавањето на загинатите за Украина, соопшти хрватската Влада. 

Треба да знаете
Последни објави