Фудбалерите на Џирона забележаа значајна победа со која малку се одлепи од екипите кои се во опсната зона, додека Еспањол го очекува тешка борба за опстанок во Примера. По три меча без триумф, Џирноа славеше во малото каталонско дерби против Еспањол со 2.1.
Во 27.коло, Џирона ја забележа десетта победа во сезоната и седма на стадионот „Монтилви“.
Џирона поведе со голот на 19. годишниот Арнау Мартинез во 53. минута, израмни Мартин Брејтвејт на асистенција на Хави Пуадо во 74. минута.
Решавачкиот момент се случи во 88. минута – Вили Соуза направи пенал, а ветеранот Кристијан Стуани (36) беше сигурен од белата точка за својот седми гол сезонава и 115. во кариерата.