Апел за помош: Да му помогнеме на Никола

На социјалните мрежи се шири апел за помош на младиот Никола Ѓорѓиев кој боледува од рак на коските и потребни му се средства за лекување.

Кон апелот за помош се приклучи и познатата музичка група ДНК.

-На Никола му е дијагностициран карцином на коски за кој е потребно голема сума на средства. Никола нема родители, живее со својата баба и дедо во село Црешево, па би ве замолил во мое име и името на ДНК сите добри и хумани луѓе и оние кои се во можност заеднички да помогнеме за Никола да ја победи болеста и потоа да не викне сите нас заедно на една голема журка каде што ќе го славиме животот, апелираат од музичката група ДНК.

Сите хумани граѓани може да донираат на трансакциската сметка: 200003717578051

Треба да знаете
Последни објави