Величковски: Последните 15 години претседателите на Републиката се познати по “космодиск демократија” и “да не бев претседател ќе се иселев од земјава”

Поранешниот претседател на ЛДП и носител на движењето Нова република Ивон Величковски, во интервју за емисијата Во центар на Васко Ефтов ги коментираше поранешните претседатели на семјава, вклучутелно и актуелниот Стево Пендаровски.

Вечичковски смета дека “ако се видат сите саботажи што Пендаровски му ги направи на Ковачевски и неговото практично спротиставување на францускиот предлог, мислам дека Пендаровски нанесе штета на функцијата Претседател на Републиката.”

“Кога вие сте шеф на држава, а не се водржувате од пристап на аналитичар, ниту од обид за хумор, во таков момент се плашам дека нанесувате штета на државата” – констатира Величковски коментирајќи ги активностите на претседателот Пендаровски.

Треба да знаете
Последни објави