Холивудската актерка Гвинет Палтроу е симболично наградена со еден долар, поради тоа што го доби судскиот спор против пензионираниот лекар кој тврдеше дека Палтроу додека скијала се удрила во него и му нанела сериозни повреди опасни по живот.
Пензионираниот оптометрист Тери Сандерсон ја тужеше Палтроу за повредите здобиени на скијањето.
Според неговите тврдења, актерката удрила во него на почетничка патека, а потоа скијала додека тој бил онесвестен на снегот со скршени ребра. Но, поради бројните контрадикторни изјави, адвокатите на актерката успеаја да ги демантираат овие наводи, а поротниците застанаа на страната на Палтроу, која го обвини Сандерсон за несреќата, и од него бараше еден долар отштета. Сандерсон треба да ѝ плати отштета од 1 долар, плус правните трошоци.
Сандерсон, кој бараше отштета од 300.000 долари, рече дека пресудата е „многу разочарувачка“. Палтроу ја слушаше пресудата без посебен израз на лицето, гледаше право напред и потоа на заминување накратко застана за да разговара со Сандерсон, пишуваат медиумите кои го следеа случајот. Сандерсон потоа изјави дека му рекла „Ти посакувам добро“.