ВМРО-Народна партија ја поддржува политиката на поддршка на Украина, но исто така апелира дека се врши големо обезоружување на нашата држава.
„Република Северна Македонија заедно со своите НАТО партнери мора да води договорна политика за некаков баланс на оружјето во нашиот регион бидејќи несероизно е Косово да има поголема воена техника отколку Северна Македонија“, велат од партијата на Георгиевски.
Во партискиот став се наведува дека во последниве месеци повеќе пати слушаме дека Северна Македонија и’ подарува на Украина тенкови, авиони, хеликоптери и артилерија. ВМРО-Народна партија сака да ја потести македонската јавност дека сто проценти од ова оружје било набвавено од Владата на Георгиевски, која патем, како што се наведува, нема никаква допирна точка со денешното ВМРО-ДПМНЕ. Дел од ова оружје било подарок од Бугарија, а другиот дел по многу евтина цена набавено од Украина.
Од партијата велат дека југословенската армија под конторола на Слободан Милошевиќ претходно изнесе од Република Македонија оружје во вредност од неколку милијарди долари со што го направила најголемиот грабеж во историјата на нашата држава.
„Кога сега читаме дека за осум хеликоптери ќе бидат потрошени над 200 милиони евра, потестуваме дека сите авиони и хеликоптери кои беа купени во тоа време не ја надминуваа цената од 20 милиони евра па и покрај сето тоа тогаш трпевме критика дека сме купиле старо оружје по многу скапа цена“, се додава во соопштението.