Мајнц го направи најголемото изненадување попладнево во Бундес лигата. Во 26.коло, Мајнц победи во Лајпциг со 3:0. Баер Леверкузен убедливо победи на гостувањето кај Шалке, Херта освои важен бод на гостувањето во Фрајбург, а Волвфбург во 96.минута се спаси од пораз против Аугсбург.
Лајпциг полека губи чекор во борбата за место во Лигата на шампионите. Тимот предводен од Марко Розе од клупата беше изненадувачки поразен од Мајнц на домашен терен – 0:3.
Гостите поведоа веќе во деветтата минута, прецизен беше Ингвартсен. Мајнц не застана тука, гостите одиграа уште подобро и преку Ажорк во 57. и Кор десет минути подоцна го потврдија триумфот доближувајќи ги до седмото место и пласманот во Европа.
Киксот Лајпциг го искористи Унион Берлин кој славеше убедлив триумф против Штутгарт – 3:0 на домашен терен. Швабите дадоа отпор во првото полувреме, но во вториот дел веќе немаа сили.
Унион Берлин поведоа преку Бекер во 51. минута, Беренс го удвои водството во 65. минута, а три минути подоцна автогол си постигна Харагучи. Унион сега има шест бода повеќе од петтопласираниот Лајпциг.
Шанса да се одлепи од тимот на Марко Розе имаше и Фрајбург, но на домашен терен одигра само нерешено против Херта – 1:1. Домашните поведоа преку Гриф во 52. минута, но беа шокирани со голот на Нганкам во 77. минута.
Волфсбург пред своите гледачи избегна пораз од Аугсбург – 2:2. Трагичар беше Арнолд, кој најпрвин си постигна автогол во втората минута, а потоа промаши пенал во 21. минута.
Казната стигна многу брзо, Бериша ја удвои предноста на гостите. До крајот на мечот Волфсбург успеа да го намали резултатот преку Валдшмит кој беше прецизен во 83. минута, а во шестата минута од судиското надополнување израмни Нмеча.
Леверкузен се прошета низ Гелзенкирхен, славејќи со убедливи 3:0. Баер ги постигна сите три гола во преостанатиот дел од натпреварот, Фримпонг во 50., Виртц во 61. и Азмун во 90+2. минута.