Интегрален текст од изјава на Слободан Блажевски, претседател на Комисија за туризам на ВМРО-ДПМНЕ
„Од овој викенд комисијата за туризам на ВМРО-ДПМНЕ отпочнува со низа на активности во рамки на кампања наречена ја сакам Македонија.
Стартуваме од најтуристичкото место во Македонија, тоа е Охрид, каде што денес професионални водачи од Македонската Асоцијација на водичи и придружници ќе водат група граѓани низ охридските туристички знаменитости.
Со ова сакаме да ја покренеме свеста кај граѓаните дека и домашниот туризам е и те како важен, а Република Македонија има што да понуди.
Во недостиг од залагања и водење политики на власта, која одамна не ја интересира гранката туризам која е многу важна за туристичките центри кои практично едвај функционираат на полето на туризмот, ние ќе се обидеме да ја покренеме свеста дека имаме многу туристички места кои што верувајте, вреди да им дадеме значење.
Она што мораме да го потенцираме и не можеме да го прескокнеме, е тоа што оваа Влада и држава освен на криминал, воопшто нема помислено или со прст помрднато да направи нешто за развојот на туризмот.
Имаме саемски директор на агенција за подршка и промоција на туризам кој го интересираат единствено саеми и личен хедонизам, имаме влада која не е заинтересирана никако да помогне или вложи во туристичките центри и имаме од година во година пропаднати туристички центри.
Тоа не смее да биде така и мора да почнеме да го менуваме.