На 31.03.2023 во 23,40 часот во Штип од полициски службеници од СВР Штип е лишен од слобода Е.А.(38) од Штип, затоа што околу 23.30 во семејниот дом во Штип, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата мајка, при што употребил остар предмет, а потоа агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.