Коалицијата помеѓу СДС, Левица и Стевчо Јакимовски нема ниту логична, ниту идеолошка основа. Оваа коалиција се покажа на дело со зеленото светло кое советниците од овие партии го дадоа за ДУП-от за градска четврт ССЗ 01, блок 10 од четврт ССЗ 01.
Оваа коалиција е основана на финансиски интерес, концесии кон определени моќници. СДС во Карпош има концесии кон бизнис моќниците од „градежната мафија”, но во периодот пред нас треба да откриеме какви и колкави концесии има Левица. Како и да е Левица Карпош своеволно се стави во функција на извршител на договорите на СДС со „градежната мафија”.
СДС и Левица не ги гледаат домовите на 100 семејства кои ги има на терен!
СДС и Левица ги следат личните и партиските бизнис интереси, а не го следат интересот на граѓаните. Така ДУП-от што го изгласаа го гледаат како рамна површина. За нив интересот и проблемите на овие граѓани се неважни. За нив нема потреба од градинка, училиште, спортски игралишта, велоспидески патеки, паркинзи.
СДС и Левица имаат само потреба до крај да одат по желбите и барањата на „градежната мафија”.
Според веб страната на Катастарот има интересни совпаѓања, совпаѓања за кои граѓаните протестираа. А граѓаните протестираа за проблемите или ситуацијата со познатиот канцер парк во Карпош 4, за бетонското чудовиште вцртано во ДУП за Влае во Карпош 4. Или овие сомнителните точки според податоци од Катастарот, а достапни до граѓаните, се наоѓаат на простор или на исти фирми и лица. Или станува збор за исти лица, истите фирми и истите сомнежи за криминал, вреден милиони евра.
ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои во одбрана на интересот на жителите на Карпош. Затоа се разгледуваат можности да се стави крај на штетното делување на советниците од СДС и Левица заедно со Стевчо Јакимовски. Се разгледуваат можности и ќе се стави крај на исполнувањето на концесиите на СДС и Левица кои очигледно ги имаат кон градежната мафија.