Јаник Синер ќе му се спротивстави на Данил Медведев во финалето на Мастерс турнирот во Мајами. Италијанецот, во второто полуфинале го победи Карлос Алкараз во три сета. Претходно Медведев се пласираше во финалето со победата над сонародникот Карен Хачанов.
Синер славеше над Алкараз во три сета со 6/7, 6/4, 6/2. Мечот на централниот терен траеше три часа и три минути.
Поразот на Алкараз значи дека од понеделник Новак Ѓоковиќ, кој не играше во Индијан Велс и Мајами, ќе се врати на првото место на АТП листата.
Вистинската борба за првото место ќе започне во Европа, каде ќе започне сезоната на земјана подлога.
На 10 април ќе започне Мастерс турнирот во Монте Карло.