Доналд Трамп во вторник треба да се појави пред судот во Њујорк. Ова е првпат во историјата поранешен претседател на САД да биде кривично гонет.
Големата порота која го обвини Трамп ги разгледа деталите за наводната исплата на актерката од филмови за возрасни Сторми Даниелс за време на претседателската кампања во 2016 година.
Во судот Трамп ќе биде фотографиран, ќе даде отпечаток од прст како и секој друг обвинет, иако ќе биде заштитен од Тајната служба поради неговиот статус на поранешен претседател.
Трамп претходно рече дека ова е политички прогон и мешање во изборите на највисоко ниво во историјата.