СДСМ: Ги заборавија граѓаните, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ немаат ниту еден проект

По една и пол година од мандатот, во над 40 општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ речиси и да нема реализиран капитален проект. 

Има само непродуктивно трошење на народните пари, задолжување на општините и поскапи комунални услуги за граѓаните. 

Општина Прилеп ќе издаде општинска обврзница од пет милиони евра, за чие враќање со се камати ќе бидат потребни 7,5 милиони евра, пари од граѓаните. 

Тоа е последниот пример на задолжување на граѓаните, а претходно тоа го сторија и општините Гевгелија, Аеродром, Гази Баба, Бутел.

Покрај задолжувањата, во време на криза градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ удираат и по џебот на граѓаните. 

Прилеп, Охрид, Велес, Зрновци, Штип се само дел од општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ кои драстично ги зголемија цените на комуналните услуги за граѓаните. 

Ова е учиникот на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски. 

Една и пол година локална власт на ВМРО-ДПМНЕ е една и пол година назадување на општините.

Треба да знаете
Последни објави