Предлогот на лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека се подготвени да прифатат промена на македонскиот Устав според уренекот на Хрватска, членка на Европската Унија е потврден и од опозициската партија која се противеше на овој чин за да се продолжи европскиот пат на државава. Според нив, со прифаќањето на овој модел, преамбулата ќе претрпи сериозни промени, но малцинствата ќе добијат исти права како и македонскиот народ.
СДСМ не кажува дали ваквиот предлог е прифатлив за нив. Сметаат дека решението ќе произлезе од професионалци кои ќе бидат вклучени во работните групи, но и од јавните расправи.
Според најавите, формирањето на работната група треба да се случи до крајот на идната недела, која треба да го подготви текстот на уставните измени.
Сè уште се прават комбинаторики, но сите се едногласни дека отворањето на Уставот треба да се случи најдоцна за еден месец, за да има време процесот да се затвори до ноември. Под вакви околности, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа бидејќи овој парламентарен состав немал мандат за менување на Уставот.
Дел од партиите на Албанците, пак, бараат од Уставот да се избрише одредницата 20 проценти која ја дефинира употребата на албанскиот јазик. Од СДСМ категорични-сега не е време за отворање други политички прашања.