Брендан Роџерс повеќе не е тренер на англискиот фудбалски премиерлигаш Лестер. Клубот од Лестершир денес објави раскин на договорот со 50-годишниот тренер од Северна Ирска по меѓусебен договор на страните.
Одлуката доаѓа откако Лестер загуби шест пати и еднаш ремизираше на последните седум натпревари.
Тимот со 25 бодови се наоѓа на 18. место на табелата во Премиер лигата и е во зоната за испаѓање.
Роџерс беше тренер на „лисиците“ од 2019 година. Во 2021 година, тој го предводеше тимот до трофеите во ФА Купот и Суперкупот.