Од јуни или јули либерализација на пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан

Во текот на јуни или јули се очекува да стартува либерализацијата на пазарот на трудот со што ќе бидат отстранети работаните дозволи за граѓаните од трите земји – еден од најважните проекти на иницијативата Отворен Балкан, беше кажано на заедничката прес-конференција по средбата на премиерот Димитар Ковачевски со албанскиот колга Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ во Бардолино, Италија.

– Наместо дозволите за работа да се добиваат за шест месеци ако некој од Крушевац сака да работи во Скопје, или од Врање во Куманово, или од Струга во Елбасан, сега секоj граѓанин на националниот портал е-услуги ќе може да го добие идентификацискиот број за Отворен Балкан и со тоа ќе може да апликацира за одреди дозволи, социјално осигурување и за неколку дена да ги добие. Зошто е тоа важно, бидејки ќе им овозможи на компаниите побрзо да ангажираат работници. Со тоа што побрзо ќе добиваат работни дозволи, тие ќе можат веднаш да почнат да работат. Што побрзо почнат да работат, побрзо ќе произведуваат, а со тоа и ќе остваруваат побрз раст на БДП, а тоа е она што им теба на нашите луѓе. Потребен им е животен стандард на ниво на ЕУ, но во нашите земји, рече Ковачевски, одговрајќи на новинарско прашање.

Со значењето на овој проект се согласни и Вучиќ и Рама, а тоа било и едно од прашањата за које разговарале на трилатералната средба.

Пo прес-конференцијата Ковачевски, Вучиќ и Рама присуствуваа на презентацијата на вината од трите земји на заедничкиот штанд „Wine vision by Open Balkan“/Винска визија на Отворен Балкан на саемот „ВинИтали“.

Тројцата лидери заедно со италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка Антонио Тајани посетија и некои од штандовите на италијанските производители на вина кои се претставени по региони.
 
Република Северна Македонија на годинашниот Саем на вино и алкохолни пијалоци во Верона учествува со над 60 видови најквалитетно македонско вино, со присуство на 14 македонски винарии и тројца врвни сомелиери.

Минатата година на саемот „ВинИтали“ учествуваа над 4.500 излагачи од целиот свет, со повеќе од 15.000 вински етикети од повеќе од 40 земји. Саемската манифестација ја посетија преку 100.000 љубители на вино и претставници на деловната заедница, од кои над 25.000 купувачи, дистрибутери и увозници од 139 земји.
 
Оваа година организаторите очекуваат рекорден број на учесници на саемот.

Треба да знаете
Последни објави