Лидерот на табелата во Првата македонска фудбалска лига Струга, како и второпласираната Шкендија забележаа победи, додека Шкупи беше изненаден на свој терен од Скопје на денешните натпревари од 25. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Резултати:
Брегалница – Тиквеш 0:0
Шкендија – Победа 2:0
Шкупи – Скопје 0:1
Струга – Академија Пандев 3:1.
Вчера: Македонија ЃП – Работнички 2:1.
Слободен во ова коло беше Силекс.
Табела: Струга 49 бодови, Шкендија 44, Шкупи 42, Силекс 38, Брегалница 33, Македонија ЃП 32, Тиквеш 29, Работнички 24, Академија Пандев 20, Скопје 17, Победа 13.