Тесна трка меѓу Борисов и Петков, покажуваат првичните резултати по гласањето

Првичните резултати од гласањето на денешните избори во Бугарија покажуваат тесна трка помеѓу коалицијата ГЕРБ-СДС предводена од поранешниот премиер Бојко Борисов и коалицијата на експремиерот Кирил Петков од партијата Продолжуваме со промените (ПП) која настапи заедно со Демократска Бугарија (ДБ).

Според излезните анкети на агенцијата „Тренд“, ПП-ДБ има 26,9 отсто од гласовите, а ГЕРБ-СДС 26,7 отсто, Преродба 12,9 отсто, ДПС 12,4, БСП 10,5 отсто, пренесе БГНЕС.бг.

Блиску до изборниот праг од четири отсто за пратенички мандати е Има таков народ на Слави Трифонов со 3,9 отсто освоени гласови.

Според прелиминарните резултати, и по овие избори Бугарија нема да успее да оформи функционално парламентарно мнозинство.

Треба да знаете
Последни објави