Новиот тренер на германскиот фудбалски бундеслигаш Баерн Минхен, Томас Тухел го поддржа својот претходник Јулијан Нагелсман кој доби отказ од Баварците.
– Разбирам како се чувствува Јулијан во моментов. Самиот двапати сум бил во ваква ситуација. Не дека причината за моите откази од двата претходни клуба (ПСЖ и Челзи) беше во мене. Таков е животот на тренерот. Ќе се обидеме успешно да ја завршиме сезоната, исто така за доброто на Јулијан и неговиот штаб, изјави тренерот на Баерн во интервју за „ЗДФ“.
Нагелсман беше отпуштен од клубот од Минхен на крајот на март, по што Тухел го презеде тимот.