Зградата на детската градинка „Буба Мара” беше обоена во сина боја, со што Општина Аеродром даде симболична поддршка во одбележување на Светскиот ден за подигнување на свеста за аутизмот.
Градоначалникот Муцунски на својата фејсбук страна потенцираше дека на ваков начин тој како градоначалник и општината праќа силна порака за поддршка на лицата со аутизам и покажуваат подготвеност заеднички да ги надминеме сите предизвици и пречки.
„Осветлувањето на објектите во сина боја е важно за подигнување на свеста за овој проблем, но и начин преку кој даваме поддршка за лицата кои живеат со аутизам и нивните семејства. Сите заеднички неопходно е да правиме многу повеќе – преку инклузивно образование, еднакви можности и средина каде сите ќе бидат еднакво почитувани”, истакна Муцунски во својата објава.
Преку секојдневните активности и проекти, Општина Аеродром активно работи на создаваање институции и заедница кои ќе бидат целосно инклузивни и ќе овозможат еднаков пристап и третман за сите граѓани кои живеат во општината.