Поранешниот напаѓач на англискиот фудбалски премиерлигаш Арсенал и на шпанската Барселона, францускиот интернационалец Тјери Анри кој сега работи како ТВ-коментатор, изјави дека негокашниот соиграч, еден од најдобрите играчи во светот Аргентинецот Лионел Меси кој ги брани боите на ПСЖ треба да се врати во тимот од „Камп Ноу“.
– Меси мора да се врати во Барселона поради љубовта кон фудбалот и поради начинот на кој го напушти клубот – изјави Анри за „Прајм Видео Спорт Франс“ пред натпреварот помеѓу сегашниот тим на Аргентинецот Пари Сен Жермен и Олимпик Лион, кој „светците“ го загубија (0:1) на „Паркот на принцевите“ во рамките на 29. коло од француската Лига 1.
Пред средбата, кога беа објавени имињата на фудбалерите на Пари Сен Жермен, се слушнаа свирежи од трибините упатени кон Меси.
– Вознемирувачки е да се слушнат овие свирежи. Не можете да исвиркате еден од најдобрите играчи, ако не и најдобриот играч во тимот со 13 гола и 13 асистенции. Сакам да го видам Меси како ја завршува кариерата во Барселона – рече Анри кој беше соиграч на Меси токму во редовите на клубот од „Камп Ноу“.