АД ЕСМ вчера произведe 14.993 мегават часови електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти, информираат од Владата.
При тоа, прецизираат, во термоелектраните се произведени12.157, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 2.836 мегават часови електрична енергија.