Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со YES Alumni – Програма поддржана од Стејт департментот на САД, денеска организара дебата „Македонскиот евроинтеграциски пат – Градење на партнерства и преземање на позитивните искуства“.
На дебатата ќе бидат отворени теми поврзани со македонскиот евроинтеграциски процес, предизвиците и следните чекори на овој план, со фокус на позитивните пракси и искуства од земјите-членки на ЕУ од регионот. Настанот е предвиден како директна дебата со студентите и можност за размена на искуства на овие теми со младите луѓе од земјава.
Настанот, според организаторите, има за цел и поттикнување, односно давање на конкретен придонес за водење на инклузивен процес на пристапување во ЕУ, со вклученост на сите граѓани и заинтересирани субјекти со цел да го дадат својот придонес.