Барање за забрзување на истрагата на Обвинителството за случајот со прислушувањето во земјата достави претседателот на грчката опозициска партија ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис на денешната средба со шефот на атинското Обвинителство, Андонис Елефтерианос, јави дописничката на МИА од Атина.
Андрулакис, кој беше прислушуван од Националната разузнавачка служба, а имало обид неговиот мобилен телефон да биде хакиран и со софтверот Предатор, порача дека случајот со прислушувањето „нема да застари ниту политички ниту кривично“.
-Грција е земја со силно владеење на правото. Европска земја е и имаме должност, целиот политички систем, да не дозволиме повторно да биде изложена на меѓународно ниво со вакви криминално неприфатливи дела на сметка на граѓаните, на сметка на човековите права, истакна Андрулакис.