Двајца тренери вчера остана без работа во англиската фудбалска Премиер лига. Тренерите ги отпуштија Лестер и Челзи. Со ова е соборен рекордот по бројот на сменети менаџери во една сезона во Премиер лигата.
Брендан Роџерс и Грем Потер се 12. и 13. шеф на струлниот штан кои сезонава добија отказ.Интересно, Челзи и Саутемптон од почетокот на сезоната два пати го сменија менаџерот.Нога повлече Скот Паркер, на кого Борнмут му врачи отказ на 30 август минатата година. Потоа, Челзи му врачија отказ на Томас Тухел, а Грем потер го напушти Брајтон за да седне на неговото столче.Тренерите во текот на сезоната ги сменија Астон Вила, Евертон, Вулверхемптон, Лидс, Кристал Палас и Тотенхем.