Ужасни вести ни доаѓаат од Шпанија, каде што 24-годишниот фудбалер Пако Навал бил убиен во саботата за време на инцидент кој се случил во Кадиз.
Шпански „АС“ објави дека Навал, кој настапувал за аматерскиот клуб Чипиона, бил избоден со нож во градите, по што бил префрлен во болница каде што го загубил животот.
Во шпанските медиуми се појави и снимка од апсењето на осомничениот за убиството на младиот фудбалер, а порака по трагедијата испрати и Реал Мадрид.
„Реал Мадрид жали поради смртта на Навал и сака да изрази сочувство до неговиот тим, семејството и соиграчите“, објави шпанскиот гигант.
Медиумите во Шпанија пишуваат дека Навал бил сакан и почитуван соиграч, а навивачите го обожавале.