На 03.04.2023 во 01.30 часот во СВР Скопје, И.Т.(26) од Република Бугарија, со престој во Скопје, пријавил дека на 02.04.2023 околу 18.30 часот на подрачјето на Аеродром, бил физички нападнат од Б.С., кај кого работел како градежен работник и кој му должел пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.04.2023 во 17.49 часот во СВР Скопје, С.Б.(29) од Скопје пријавил дека околу 17.30 часот пред казино на подрачјето на Аеродром бил физички нападнат од А.Л.(29) од Скопје, а по кратко време било пријавено дека бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Б. и А.Л.(29) од Скопје, роднина на пријавениот А.Л.(29).
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.