Ковачевски во официјална посета на Република Словенија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, 3 април 2023 година (понеделник) ќе биде во официјална посета на Република Словенија, заедно со  министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Во рамки на официјалната посета планирана е официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести, по што премиерот Ковачевски ќе има тет-а-тет средба со неговиот словенечки колега, Роберт Голоб. Како дел од официјалната посета предвидена е и билатерална средба на македонската и словенечката делегација.

Во рамки на посетата предвидено е потпишување на заедничка декларација за зајакнување на соработката помеѓу Република Северна Македонија и Република Словенија, по што ќе се одржи и заедничка прес-конференција на двајцата премиери.

Треба да знаете
Последни објави