Американските воени планери веруваат дека евентуалната војна меѓу САД и Кина за Тајван ќе биде кратка. Според поранешниот вршител на должноста секретар на американската армија, Џон Витли, американските воени планери веруваат дека секоја идна војна со Кина ќе почне, ќе ескалира и ќе заврши многу бргу и ќе се фокусира на интензивна размена на ракети преку Тајванската Теснина, широка 100 милји.
Затоа, смета Витли, САД треба да соработуваат со Тајван за однапред да ги подготват видот на обука, знаењето за лесно тактичко оружје и оперативната експертиза што можеа да ги развијат во Украина во годините пред конфликтот, кој почна во февруари 2022 година.
„Како да натераме сојузник или пријател да се одржи додека не стигнеме таму? Како да ја изградиме таа способност во Тајван што ја видовме во Украина, која сè уште не ја гледаме таму во Тајван“, рече тој на конференцијата во Вашингтон, како што пренесува „Спутник интернешнл“.



