Расте бројот на повредени по бомбашкиот напад во кој беше убиен воениот блогер

Руската новинска агенција ТАСС јави дека бројот на повредени во експлозијата во кафулето во Санкт Петербург, во која загина воениот блогер Владлен Татарски, се искачи на 40.

Повикувајќи се на службата за односи со јавноста на руското Министерство за здравство, ТАСС наведува дека „според оперативните податоци, поради инцидентот во кафулето во Санкт Петербург лекарска помош побарале 40 лица, меѓу кои и три малолетници“, пишува Index.hr.

Во болница се уште се 25 лица, од кои пет се тешко повредени.

Татарски загина во експлозија во неделата. Руските власти ја приведоа Дарија Трепова, осомничена за инцидентот  дека на Татарски му донела експлозивна направа преправена во фигура како подарок.

Треба да знаете
Последни објави