Легендарниот актер и шоумен Игор Џамбазов за „Бекстејџ“ проговори за крајот на љубовната врска со познатата алпинистка Илина Арсова која замина за САД.
-Добро сум, како 60-годишник се навикнав да поднесувам порази. Но, ова со Илина не го сметам како свој пораз, ова мораше да се случи. И двајцата знаевме дека ќе се случи. На третиот ден од нашата врска ми кажа дека тоа и е последната желба, да оди во Америка и таму да работи.
Короната го одложуваше нејзиното заминување. Короната заврши, таа си замина. Сите големи љубови се тажни, но се справувам. Нејзината слика ми е во дневната, нејзините книги во шкафот, спијам на постелнината која таа ја купила…
За овие две години јас напишав многу поезија, која заслужува да се објави, бидејќи таква љубов ретко се случува. Не бараме виновници, виновници нема, животот е виновник, таков е.
Таа е многу амбициозна жена, ќе успее во животот! Тоа што кариерата и е поважна од љубовта не ја прави лош човек, само ја прави необичен човек, изјави Џамбазов.