Во социјална установа во Германија пронајдено безживотно тело на девојче, полицијата се сомнева на убиство

Безживотно тело на десетгодишно девојче било пронајдено вчераутро во Германија.

Како што пренесува РТЛ, телото на девојчето (10) било пронајдено во социјална установа за млади во Баварија, Германија.

Специјална полициска комисија ги истражува околностите на нејзината смрт. Според пишувањето на германските медиуми, полицијата сослушува лица за кои постои сомневање дека се вмешани во случајот, ко првично беше окарактеризиран како убиство.

Телото на десетгодишното девојче е испратено на обдукција.

Треба да знаете
Последни објави