Бајден следната недела во Ирска и Северна Ирска

Американскиот претседател Џозеф Бајден од 11 до 14 април ќе ги посети Ирска и Северна Ирска по повод 25-годишнината од Мировниот договор од Велики петок и ќе го посети домот на неговите предци, соопшти денеска Белата куќа.

Бајден прво ќе отпатува во Северна Ирска, каде ќе престојува на 11 и 12 април, за да го одбележи „огромниот напредок“ од потпишувањето на договорот и да ја нагласи подготвеноста на САД да го поддржат „огромниот економски потенцијал на областа за корист на сите заедници“, се вели во соопштението.

Американскиот претседател, кој често гордо зборува за своите ирски корени, потоа ќе престојува во Ирска до 14 април, каде ќе го посети Даблин и два домови на неговите предци во округот Лаут и округот Мејо. 

Треба да знаете
Последни објави