Реал Мадрид ќе игра против Осасуна во финалето на Купот на Шпанија, откако вечерва на „Камп ноу“ ја уништи Барселона со 4-0, и го надомести минусот од 0-1 од првиот дуел во Мадрид. Карим Бензема со три гола беше јунак на средбата, тој е прв играч на Реал после 60 години кој направил хет-трик на гостување кај Барса.
Само 11 фудбалери во историјата направиле хет-трик на гостување кај Барса, Бензема се приклучи на тоа елитно друштво, и го однесе Кралскиот клуб на 90 минути од титула во натпреварувањето кое го нема освоено од 2014 година кога истотака на клупата беше тренерот Карло Анчелоти.