Ковачевски: Ќе бидеме со народот, ќе слушаме внимателно и ќе дадеме отчет за сработеното

СДСМ е државничка партија којашто заедно со граѓаните успеа во тешки моменти за земјата да ја одржи економијата и напредокот по вистинскиот, по европскиот пат, рече претседателот на партија Димитар Ковачевски, најавувајќи теренски активности. Според него најтешкото е зад нас но предизвици за македонската иднина се уште постојат.

-Потребна е сплотеност, заедништво и мобилизиција на целото македонско општество за нова победа на државата! СДСМ од денеска е на терен. Рамо до рамо со граѓаните започнуваме со интензивни теренски активности. Во секое населено место, во секоја уличка, куќа, зграда, во секое маало, во секоја урбана заедница. Таму каде што ни е местото, меѓу народот, со граѓаните. Рамо до рамо со народот, со сите граѓани, ќе посетиме 946 населени места ширум татковината. Да разговараме со нив, да го слушнеме нивниот глас за се она што им е важно. Да дадеме отчет за сработеното во изминатата година, но и кажеме што следува во наредниот период, рече Ковачевски.

Тој додаде дека функционерите на СДСМ секој ден ќе бидат рамо до рамо со народот заради подобра иднина на таковината, а не затоа што наредната година има избори.

-Доаѓаме со крената глава. Да ве слушнеме, да ви дадеме отчет за сработеното, да ви кажеме што следува во иднина. Ќе слушаме внимателно и внимателно ќе говориме. Имаме што да кажеме, но и да чуеме. Успешно се справивме со економската и енергетска криза, со пакет антикризни мерки вредни 760 милиони евра. Целта е постигната. Никој не беше оставен сам во оваа криза. Ниту фалеше храна, ниту снема стрја. Рестрикции немаше, а струја и парно има. Производство на електрична енергија е зголемено на историски највисоки ниво, а сметките за домаќинствата за струја и парно се исти. Го заштитивме стандардот на граѓаните. Не дозволивме профитерство врз грбот на народот и цените на производите ги намаливме. Инфлацијата е веќе зауздана, истакна претседателот на СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави