Еден од најдобрите напаѓачи на Манчестер Јунајтед и легенда на англиската репрезентација Вејн Руни наскоро би можел да се испроба во нов спорт.
Како што пренесува шпанска „Марка“, шесткратниот шампион во Премиер лигата, а своевремено и најдобар играч на првенството, размислува да се испроба во нов спорт.
Вејн Руни во текот на кариерата не криеше дека е љубител на боксот, а наскоро би можел да се најде и во рингот.
Боксерскиот промотор Еди Херн верува дека Руни би можел да има успешна боксерска кариера.
Веќе е пронајден потенцијален противник за Руни, тоа е популарниот јутјубер Џејк Пол.
Вејн Руни неодамна го контактирал Херн во обид да најде тепачка.
Херн истакна дека ова не е прв пат Руни да бара да боксува, но претходно консумирал алкохол, а промоторот не го сфатил сериозно, што не беше случај сега.