Судот го закажа новото рочиште за Трамп, два месеци пред почетокот на прелиминарните избори

Судијата што ја води постапката против поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Њујорк, го закажа следното рочиште за 4 декември, приближно два месеци пред официјалниот почеток на републиканските прелиминарни избори за претседателската трка во 2024 година, пренесува порталот „Американ Хил“.

Трамп вчера беше изведен на Менхетен пред судијата Хуан Меркана, каде беше обвинет за 34 кривични дела поврзани со тајни плаќања на порно ѕвездата Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година и се изјасни за невин по обвиненијата.

На декемвриското рочиште, судијата ќе одлучува за очекуваните предлози за отфрлање на случајот, пишува американскиот портал.

Со пратеничката група во Ајова на 5 февруари 2024 година, ќе започнат републиканските прелиминарни избори, а нивните први прелиминарни избори во Њу Хемпшир се закажани за 13 февруари.

Се очекува Трамп да го искористи обвинението против него за да се обиде да собере поддршка меѓу републиканскиот електорат, со тврдење дека е жртва на политички мотивирано гонење, пишува порталот „Американ Хил“.

Треба да знаете
Последни објави