На социјалните мрежи кружат лажни фотографии по вчерашното апсење на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп.
Неколку измонтирани фотографии направени по неговото апсење во Њујорк станаа вирални.
Откако пристигна во судот, на Трамп му беше земен отпечаток од прст, но не беше фотографиран, изјави полицијата за „АП“.
Лажните фотографии, од кои некои користеле вештачка интелигенција, измамиле многу корисници на социјалните мрежи.