Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (86), кому му беше дијагностицирана леукемија, е во стабилна состојба и денеска почна со хемотерапија.
Ова денеска го изјави добро информиран извор и додаде дека почнал со интензивна терапија, пренесуваат италијанските медиуми.
Како што се наведува, во текот на вчерашниот ден Берлускони го посетиле неговиот брат Паоло, помладиот син Луиџи и ќерката Марина.