Далас за кој настапува словенечкиот кошаркарски интернационалец Лука Дончиќ во најсилната лига на светото – НБА, ноќеска го совлада Сакраменто (123:119) и ги задржа шансите за пласман во плејофот. Еден од најзаслужните за триумфот и во екот на сезоната кој го предовди Далас, е токму Дончиќ. Натпреварот против Сакраменто, го заврши со 29 поени, два помалку од Кајри Ирвинг.
Словенецот лесно можеше да биде и најефикасен на оваа средба, но тоа не се случи по „вина“ на судиите, кои му го поништија можеби најлудиот кош во кариерата. Дончиќ откако беа решени сите дилеми околу победникот, ја фрли топката речиси буквално од кош на кош и – погоди. Публиката стана да го поздрави еуфорично, но нивната радост траеше кратко, бидејќи судиите утврдија дека ја исфрлил топката по последниот звук на сирената, односно надвор од времето.
LUKA DONCIC FROM FULL COURT?!🚨
— ClutchPoints (@ClutchPointsApp) April 6, 2023
Unfortunately the shot came after the final buzzer and did not count ☹️pic.twitter.com/aa764AvH5Y