Градежни работници од Турција, Албанија и од Косово работеле без дозвола во Велес

Државниот инспекторат за труд извршија контрола на градилиште во Велес и затекна тројца турски, двајца албански и еден косовски државјанин, кои работеле како градежни работници на објектот без да поседуваат работни дозволи.

Државниот инспекторат за труд презел соодветни мерки кон изведувачот на работите на градилиштето. Странските државјани биле изведени пред судија за прекршоци, кој им изрекол глоби и мерка протерување и забрана за влез во државата.

Треба да знаете
Последни објави