Најстудено утрово на Попова Шапка и најмногу снег

На Попова Шапка утрово се измерени – 9 степени, – 5 во Маврови Анови, -4 во Крушево, -3 во Берово, -1 во Крива Паланка, а нула степени во Битола, Прилеп, Виница, Куманово. Еден степен е измерен во Тетово, Дебар, Штип, Охрид, Претор, Струмица, два во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, три во Дојран, четири во Демир Капија и пет степени во Гевгелија.

Како што информира УХМР, утрово во 8 часот на Попова Шапка е измерена снежна покривка од пет сантиметри, а еден сантиметар во Маврови Анови.

Во текот на ноќта и изутринава времето беше умерено до значително облачно. Намалена облачност утрово има во североисточниот дел од земјава. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне сончево со мала до умерена облачност. Во југозападните делови ќе се задржи пооблачно и ќе има слаби локални врнежи, во пониските подрачја од дожд, а во повисоките од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 10 степени. 

Треба да знаете
Последни објави