Пендаровски: Платите да останат исти, не можеме во ситуација кога замрзнуваме цени, ние да си ги зголемуваме платите

Коментирајќи ја одлуката на Уставниот суд со која се овозможува зголемување на платите на функционерите, шефот на државата Стево Пендарoвски истакна дека владата мора да направи се што е во нејзина моќ и надлежност, платите на функционерите од него па до локалната самоуправа да останат на ова ниво на кое се сега, со измена на коефициенти, со измена на основица.

„Мојот став го знаете. Мене ми е криво што повеќе носители на функции не го делат тој мој став. Тука има две работи. Прво одлуката на Уставен суд мора да се почитува затоа што непочитувањето на одлуката на Уставен суд е кривично дело. Меѓутоа, повикав и во мојата прва изјава на оваа тема. Владата мора да направи се што е во нејзина моќ и надлежност, а има надлежност, платите на функционерите од мене па до локална самоуправа да останат на ова ниво на кое се сега, со измена на коефициенти, со измена на основица, поинаку не можеме да излеземе пред граѓаните и да им кажеме дека во оваа тешка ситуација кога замзрнуваме цени на основни продуктуи, ние си ги зголемуваме платите, потенцира Пендаровски.

Уставниот суд неодамна овозможи зголемување на платите на државните функционери за 78 отсто.

Треба да знаете
Последни објави