По седум години во Пекинг средба на шефовите на дипломатијата на Саудиска Арабија и Иран

Министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија и на Иран, Фејсал бин Фархан ал Сауд и Хосеин Амир Абдолахијан денеска се сретнаа во Пекинг.

Саудиската државна телевизија емитуваше снимка од ракувањето на ал Сауд и Абдолахијан, додека иранската државна телевизија јави дека министрите ќе разговараат за повторно отворање на амбасади.

Тоа е прва официјална средба на високи дипломати од двете земји од 2016 година, кога Кралството ги прекина односите со Иран откако демонстрантите упаднаа во Амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран. Упадот уследи откако Саудиска Арабија погуби истакнат шиитски свештеник заедно со 46 верници.

За средбата ал Сауд – Абдолахијан посредуваше Пекинг откако Ријад и Техеран се согласија да ги обноват дипломатските односи и до мај да повторно да ги отворат амбасадите.

Долгогодишните блискоисточни ривал, Иран и Саудиска Арабија се вмешани во долготрајната војна во Јемен. Зближувањето помеѓу Техеран и Ријад ги намалува шансите за директен и индиректен конфликт во регионот. 

Треба да знаете
Последни објави