Собранието ќе го одбележи Меѓународниот ден на Ромите

 Во Собранието денеска Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија (ИППГ) заедно со Комитетот за односи меѓу заедниците ќе го одбележат Меѓународниот ден на Ромите. 

  • Како што е најавено, поздравни обраќања ќе имаат претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателка на ИППГ за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија Љатифе Шиковска и  Арбана Пашоли, претседателка на Комитетот за односи меѓу заедниците. 
  • Видео-обраќања ќе имаат генералниот секретар на Организацијата на обединетите нации Антонио Гутереш и Роберта Мецола, претседателка на Европскиот парламент.
  • Предвидено е и свечено доделување на плакети за даден придонес во процесот на интеграција на Ромите во Република Северна Македонија. Плакета ќе добие Зоран Димов, претседател на Мрежата за застапување за системски и трајни решенија за интеграција на Ромите во општеството. 
  • Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите ќе има можност за разгледување на изложбени историски артефакти преку фотографии и видео. 
Треба да знаете
Последни објави