Во чест на јубилејот 30 години членство во Организацијата на Обединетите Нации, на покана од МНР и Државниот архив на Република Северна Македонија, присуствував на отворањето на изложбата поставена по овој убав повод напиша Спасовски.
Имено, на 8 април во 1993 година во Генералното собрание на Обединетите нации, со акламација, нашата земја беше примена како 181 полноправна членка на ОН, со што беше потврден меѓународно-правниот субјективитет на независна држава, но под привремената референца ПЈРМ (Поранешна Југословенска Република Македонија).
Поминаа речиси 5 години откако мудроста на граѓаните ја преточивме во храбар исчекор напред – со пријателска Грција, и со посредство на ООН ги надминавме разликите, постигнувајќи го Преспанскиот договор. Резултатот денеска е повеќе од очигледен – потврден македонски идентитет, членство во НАТО и преговори со ЕУ.
Нека е за многу години членството на Република Северна Македонија во Организацијата на Обединетите Нации!