Спасовски присуствуваше на свечена седница по повод 8 април, Меѓународниот ден на Ромите

Денеска, во македонското Собрание присуствував на свечена седница по повод 8 април, Меѓународниот ден на Ромите, во организација на Интерпартиската парламентарна група за правата на Ромите во Република Северна Македонија.

За мене како министер и за МВР како институција – сите граѓани на Република Северна Македонија се еднакви пред Уставот и законите. Цврсто стоиме на ставот дека немаме апсолутно никаква толеранција кон било кој облик на дискриминација исто како што немаме дилеми во крајно ригорозниот пристап кон таквите девијации. Наша обврска останува заеднички континуирано да работиме кон рушење на сите бариери кои водат кон маргинализација на граѓаните од институциите, од општеството во целина напиша Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави