Поднесена е иницијатива за формирање на политичка партија под името „Европски пат“ од страна на Алијанса на Македонските Бугари (АМБ-ДНЕС). Претседателот , Драган Цветковски, вели дека Алијансата е иницијатор на идејата за внесување на македонските Бугари во Уставот.
-Од тогаш, секојдневно работиме на подобрување на животот на сите граѓани во РСМ и за што побрзо зачленување на земјата во ЕУ. Од досегашната работа на Владата во Скопје не сме задоволни, поради спората динамика на спроведување на реформите во сите сегменти. Самата политичка партија ЕВРОПСКИ ПАТ, планира да учествува во секојдневната работа на институциите со активни цели и задачи – изјави Цветковски.